Со културно-уметничка програма денеска ќе се одбележи 19. традиционална Мичуринска средба на генерации и ќе се дочека Старата Нова година.
Во рамки на прославата на големиот православен празник „Свети Василиј“, на платото во паркот на населбата Мичурин ќе се одржи богата музичка програма и неизбежното кршење на традиционалната погача со златна паричка и изборот на нов кум на средбата.
На годишната Мичуринска средба ќе се одржи и ученичка приредба, во чија организација се вклучени мајките и учениците од основното училиште „Блаже Конески“.