Мет ЛеБланк со Крис Еванс ќе го водат „Топ Гиар“

Од:

Со новиот почеток на емисијата за автомобили „Топ Гиар“ на Крис Еванс, како ководител ќе му се придружи актерот Мет ЛеБланк, познат на јавноста од серијата „Пријатели“ каде го играше ликот на симпатичниот Џои.

крис Еванс, кој се приклучи на емисијата по заминувањето на Џереми Кларксон, не го крие воодушевувањето поради доаѓањето на ЛеБланк.

– Претставувањето на нашето најлудо сфаќање на автомобилите на екраните е работа од соништата и не се сомневам дека ќе расправаме за идеите на некои епски патувања. Едвај чекам со гледачите да го споделиме она што досега сме го снимиле, изјави Еванс.

ЛеБланк веќе се појавувал во Топ Гиер како гостин. Во февруари 2012 година возеше Киа Сид на патеката околу Топ Гиар за минута и 42,1 секунди и стана најбрзиот гостин на емисијата во автомобил, кој не е тркачки. Се појави е следната година, кога работеше споредбен тест на нов и стар модел на автомобил.

Емисијата ќе почне со емитување во мај на Би-Би-Си2, а од оваа телевизиска куќа наведуваат дека во нивната 39-годишна историја ЛеБланк ќе биде првиот водител на некоја нивна емисија, кој не е Британец.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on