Месечевиот камен од Аполо 14 потекнува од Земјата

Од:

Австралискиот научник Александер Немчин од Универзитетот Кертина смета дека познатиот „месечев камен”, за којшто се вели дека е донесен со мисијата „Аполо 14″, 1971 година, всушност потекнува од Земјата.

Неговите истражувања говорат дека камчето од Земјата отишло на Месечината пред четири милијарди години. Структурата на каменот наликува на гранит и на Земјата го има во големи количества. Тој исто така, содржи и кварц и циркониум, објави порталот Phys.org.

– Од хемиска гледна точка тој го има типичниот месечев состав, но многу личи на некои од најдревните карпи на Земјата, образлага Немчин.

Откривањето на таков камен на Месечината се објаснува со поголемото присуство на метеорити пред милијарди години. Во тој период Месечината се наоѓала доста поблиску до нашата планета.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ