Новиот респираторен вирус, кој е идентификуван на Средниот исток, полесно се пренесува меѓу луѓето и е посмртоносен од вирусот САРС, соопштија лекарите, по избивањето на најголемата епидемија во Саудиска Арабија.
Во најголемата епидемија досега заболеле повеќе од 60 луѓе, а 38 починале од новиот облик на вирусот кој е наречен МЕРС, а кој Светската здравствена организација го регистрирала по повеќе години, главно во Саудиска Арабија. Заразата досега не се ширела толку брзо како што беше случајот со САРС-от во 2003 година, кога е прогласена општа епидемија, која однесе вкупно 800 животи, но процентот на смртниот исход кај МЕРС-от е осум пати поголем отколку кај САРС-от.
Меѓународен лекарски тим, кој спроведе истрага по избивањето на епидемијата, по внимателно проучување на вирусот утврди дека новиот контравирус, кој почна да се шири пред неколку месеци, е сличен на САРС-от, но се уште се збунети од каде се појавил МЕРС-от.
Лекарите загрижено соопштија дека МЕРС (Middle East respiratory syndrome) не се пренесува само меѓу луѓето, туку лесно се шири и во болниците.
Тие не успеале да дознаат како се пренесува вирусот – со кивање, кашлање или на некој друг индиректен начин, бидејќи накои од пациентите во болница не биле воопшто во близина на заболени лица, а сепак се заразиле.
– Во многу поволни услови вирусот може да се шири силно и брзо, како експлозија, изјави епидемиологот и член на лекарскиот тим Триш Перл, додавајќи дека тие имале увид во само еден вид на МЕРС од Саудиска Арабија, а случаи на заразени се регистрирани и во Катар, Јордан, Емирати, Англија, Франција, Германија, Италија и Тунис и земјите кои имаат некаков вид на директна врска со Саудиска Арабија.
Во Саудиска Арабија вирусот заразил повеќе луѓе од очекуваното. Еден пациент кој бил на дијализа заразил вкупно седуммина, што во медицински жаргон претставува „суперпреносител“.
Лекарскиот тим заклучил дека симптомите на САРС и МЕРС се слични, со појава на температура и кашлица кои можат да траат со денови пред да се развие воспалување на белите дробови.