Менеџерката на Тоше низ солзи после 10 години: Не можам да ги слушам неговите песни

Од:

За Лилјана Петровиќ, менаџерката на Тоше Проески 16 октомври 2007 година засекогаш ќе остане синоним за болка. Таа после несреќата се пресели во Ниш, но ниту после 10 години не го преболела Тоше, ниту има снага да го посети неговиот гроб.

-Времето не ги лечи раните. На гробот на Тоше не сум била, немам снага ниту после 10 години да одам. Никогаш ниту една песна која ја пееше не сум ја пуштила повторно. Не можам. Се уште не можам да го слушнам неговиот глас. Омилена песна ми беше „Цреша“, но не сум ја слушнала 10 години, вели Лилјана Петровиќ и додава:

-Октомври и овој период се некако најтешки за мене. Овој месец ми е исклучително тежок и тогаш сум баш онака…
Таа кобна вечер, Лилјана беше во џипот со Тоше, со тешки повреди беше префрлена во болницата во Нова Градишка каде и дозна дека Тоше погинал на самото место. Од тогаш нејзиниот живот изгубил секаква смисла. Кога се опоравила, одлучила да го смени животот и да ги раскине сите врски кои ќе ја потсетуваат на него.

-Беше потребна голема храброст да го сменам животот од корен. Секогаш е тешко да се откажете од нешто во кое сте добри и да почнете нешто ново од нула. Природата тогаш ми беше лек за душата, така што и неа и должам многу-вели Лилјана која десет години одгледува лаванда и од тоа се издржува.

-По естрадата оваа работа ми беше единствен лек. По сето тоа лудило. Сето тоа што тогаш ми се случи не умеев да го преболам. Јас едноставно не можев повеќе да се занимавам со истатата работа. Тоше за мене беше се и премногу ми беше важен, многу повеќе од музиката и од мојата работа. После се, не бев способна за такво нешто.

Кога кажа дека по несреќата завршува со менаџерството, многумина помислија дека тагата говори од неа и дека ќе го смени мислењето. Лилјана признава дека овие десет години добила многу понуди да се врати на старата работа, но дека сите по ред ги одбила. Со заминувањето на Тоше, таа тој живот вели дека го оставила зад себе.

-Немам никаков контакт со неговите родители и со семејството, јас едноставно ја затворив таа приказна. Се откажав од се, само него го носам секогаш во мене, и тоа ми е доволно. Луѓето мора да сфатат дека јас бев дел од животот на Тоше, се давав целата во тоа и затоа бевме успешни. Со неговото заминување, замина и дел од мене.

Иако со одгледувањето лаванда заработува многу помалку отколку кога работеше на естрадата, таа вели дека нејзината тага нема цена.

-Може и од ова пристојно да се живее, ова не е скапа работа, но може убаво да се заработи. Многу е помалку од времето кога работев на естрадата и заработував многу, но ова сега ми годи.

Лилјана Петровиќ сеќавањата за Тоше ги чува длабоко во себе, за него не зборува ниту со пријателите, ниту се нејзиното семејство. Таа никогаш не се појавила ниту на концерт во неговата чест. Неговото име тешко го изговара.

-Често ме викаат поранешните колеги, пејачи и пријатели кога е годишнината и кога се одржува некој концерт за чест на Тоше, но немам сила да одам. Се уште тешко ми е, како вчера да се случи, не можам да го преболам. Само тој ми недостасува! Ниту славата, ниту популарноста, ниту патувањата, ниту концертите. Само тој!

Би можело да ве интересира

Тринаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Ана Ололовска

Маратонците и годинава ќе трчаат во чест на Тоше

Ана Ололовска

Лилјана Петровиќ по смртта на Тоше ја промени професијата, таа повеќе не е менаџерка и не се занимава со музика

А1он

Крводарителска акција посветена на Тоше Проески

Ана Ололовска

Крушево се подготвува да го одбележи роденденот на Тоше

Ана Ололовска

Дванаесет години без Тоше

Ана Ололовска