Меланија Трамп повторно го тужи Дејли Мејл, бара 150 милиони оштета

Од:

Првата дама на САД повторно ќе го тужи британскиот магазин Дејли Мејл поради објавување информација дека Меланија соработувала со ескорт агенции.

Меланија Трамп поднела тужба за заштита на честа и угледот против Дејли Мејл до судот во Њујорк, а како компензација бара 150 милиони долари.

Првата тужба против британскиот весник Меланија ја поднела во државата Мериленд, меѓутоа судијата ја одбил со објаснување дека не е надлежен да разгледува и одлучува за случај во кој некој од учесниците е од странство.

Во август 2016. година словенското издание на весникот Сузи објави информации за минатото на првата дама на САД, кои потоа ги пренеса Дејли Мејл.

Во статијата се наведува дека Меланија Трамп порано работеле во агенција за модели во Њујорк, која помеѓу останатото се нудела и ескорт услуги.

Компанијата која што го издава весникот Сузи навела дека тие никогаш не тврделе дека сопругата на Доналд Трамп нудела такви услуги.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трансформациите на првата дама на САД – Меланија Трамп

А1он

(ВИДЕО) Снимката од разговорот на Меланија предизвика дебата: На кој јазик зборува?

А1он

Читателите на усни откриваат за што разговарале Меланија и Трамп за време на танцот на инаугурацијата

А1он

ВИДЕО: Меланија блескаше на балот, а потоа се појави Иванка

Предраг Петровиќ

Шеширот на Меланија Трамп предизвика различни реакции: Дали беше прикладен за инаугурацијата?

Предраг Петровиќ

Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута