Мексикански свештеник признава: Сакам жени, брзи автомобили и мотори

Од:

Отец Хорхе Мануел Гевара направи нешто невообичанео за еден католички свештеник и јавно ги обелеодени своите страсти и слабости.

Имено, овој светштеник од мексиканскиот град Гвандалупе на својот профил на Фејсбук отворено призна дека „сака брзи автомобили и мотори, убави жени, борење и јагоди“, што предизвика негативни коментари од страна на оние кои од еден поп очекуваaт скромност и посветеност на духовноста.

Веднаш по доаѓањето во својата нова црква отец Хорхе на Фејсбук објави фотографија на секси девојка со коментарот „Ммммм, мамачита“. По ова, уследија коментари на негови пријатели кои напишаа дека никогаш нема да се промени, на што тој одговори: „Амин“.

На истата социјална мрежа тој се пофали и со својот црн „Ауди“, а тоа предизвика негодување на локалните жители, кои во коментарите напишаа дека не е во ред свештеник да вози така скап автомобил.

– Неговата љубов кон жените е израз на почитувањето кон Бога што ги направил жените толку убави. Тој се уште се придржува кон заветот и е во целибат, изјави потпаролот на локалната црква коментирајчи ги случувањата околу новиот свештеник.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви