Мекензи Моретер има Сотосов синдром

Од:

Мекензи Моретер има генетско пореметување, познато како Сотосов синдорм, поради кое се  развива побавно од нејзините врсници и тешко склопува пријателства.

Таа за нејзиниот десетти роденден сакаше голема забава, но никој од нејзините другарки од одделението не сакал да присуствува. Сепак нејзината мајка се одлучила да се обрати за помош на најголемата зедница во светот – Фејсбук.

Нејзината мајка Џени се распрашувала во локалните групи на Фејсбук дали некој од сограѓаните сака да дојде кај нив на торта и за роденденот на Мекензи.

На нејзината покана се јавија многу луѓе, што ја воодушеви Џени. Дури 700 луѓе рекоа дека ќе дојдатза да го прослават нејзиниот ден, така што роденденската забава беше организирана во градскиот парк. Локалните ресторани донираа храна за ова случување, а соседите столици и декорација. Една жена дури дојде на роденденот облечена како Елса од популарниот цртан филм „Фроузен“.

Градоначалникот на градот Шакоп го прогласи 18. април за „Ден на Мекензи Моретер“.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска