Британскиот актер Ијан Мекелен во обраќањето пред студентите на Универзитетот Оксфорд се осврна и на секс скандалот што го потресува Холивуд. Тој посочи дека е важно што жртвите проговорија за сексуалното злоставување, но во исто време ги осуди и глумиците кои нуделе секс за да добијат улоги.
– Виновниците мора да бидат именувани, но понекогаш жртвите многу тешко се одлучуваат на таквиот чекор. Се надевам дека поминуваме низ период кој ќе ни помогне да ја искорениме таквата појава… Меѓутоа, зборувајќи од сопствено искуство, во 60-тите години кога почнував како актер, режисерот во еден театар во кој раборев, ми покажа фотографии кој ги добивал од жените кои сакаа работа… Некои од нив на фотографиите пишуваа ДРР „почитувано правото на режисерот“ (direcotr’s rights respected). Во превод – ако ми дадете улога ќе спијам со вас, изјави Мекелен.
Тој предупреди дека не е реткост тие денес да се претставуваат како жртви и оти „не сака да учествува во таквото лудило“.
Мекелен, кој е познат борец за правата на ЛГБТ лицата го осуди и начинот на кој актерот Кевин Спејси ја соопшти својата сексуална ориентација.
– Недозволиво е што Спејси јај искористи можноста да проговори за својата сексуална ориентација како одговор на обвинувањата за сексуално вознемирување на малолетно лице, наведе британскиот актер, познат по улогите на кралот Лир, Гандалф и Магент.