Меѓународен кулинарски настан ГастроМак Македонија 2017 во Струмица

Од:

Во Струмица вчерва почнува Меѓународниот кулинарски настан ГастроМак Македонија 2017, на кој ќе настапат околу 300 натпреварувачи, кои ќе ги оценуваат шеесетина мастер-шеф судии.

Овој настан, кој ќе трае до 28 октомври, се организира по вторпат во Македонија и е влезен во календарот на глобалните случувања од овој тип. Организиран е од Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија – ГастроМак, со логистичка поддршка од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од над 150 држави во светот.

– Натпреварот се одржува под мотото „Залче од светските вкусови!” и, практично, под универзалното знаме на гастрономијата, ќе го обедини светската готвачка елита, која во Струмица ќе го претставуваат судии, натпреварувачи и гости од Португалија, Русија, Италија, Чешка, Велика Британија, Полска, САД, Канада, Србија, Словенија, Израел, Бугарија, Турција, Хрватска, Азербејџан, Романија, Пакистан, Грција, Албанија, Кипар, Исланд, Украина, Монголија, Босна и Херцеговина, Индија и, секако од Македонија, велат организаторите.

На петдневниот настан, врвните кулинирски шефови ќе си ги одмеруваат силите во 33 категории, поделени во четири сегменти: топло и ладно готвење, карвинг (изработка на фигури од овошје и зеленчук), како и подготовка на пица. Во исто време, во едукативниот дел, десетина експерти со Master Chef титулата ќе одржуваат повеќе Мастер класови.

Манифестацијата ќе биде од отворен карактер, така што сите заинтересирани ќе можат да ги посетат готвачките боксови како се подготвуваат јадењата и десертите, но и да ги вкусат. Исто така, посетителите ќе можат да уживаат и во презентациите, дегустациите и другата програма што ја имаат подготвено ГастроМак и партнерите за време на сите денови на настанот, велат организаторите.

Би можело да ве интересира

Со готвачко дефиле отворен „ГастроМак 2018“

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Заев: Со „ГастроМак“ Струмица и Република Македонија добија свое место на светската гастрономска мапа

Наум Локоски

Почна Интернационалниот гастрономски натпревар Гастро Мак 2017

Ана Ололовска

Втор гастрономски натпревар ГастроМак Македонија 2017.

Ана Ололовска

Меѓународен кулинарски натпревар ГастроМак Македонија 2017

Ана Ололовска

Утре започнува ГастроМак 2017

Наум Локоски