Националниот совет за родова рамноправност го одбележува Меѓународниот ден на мајката, кој е посветен на поврзаноста меѓу мајките и децата.
Праксата на овој ден е децата да ги израдуваат и изненадат своите мајки со скромни подароци, споделување на домашните обврски и заедничко дружење како израз на почит и меѓусебна доверба.
Денот на мајката ќе се одбележи во трговскиот центар Капитол во Аеродром, а по повод Денот, Националниот совет за родова рамноправност објави конкурс за ликовни и литературни дела на тема „Најдобата мајка“ и ги повика децата од градинките и учениците од основните училишта да се пријават на конкурсот.