Медиумите не ги оставаат раат: Роналдо не е среќен со Џорџина, цели денови ги поминува во трошење пари

Од:

Кристијано Роналдо не е задоволен од приватниот живот, а врската со Џорџина Родригез е на ниско ниво.

Кристијано Роналдо е во врска со Џорџина Родригез од 2016 година, а со неа има две ќерки, но според странските медиуми нивната врска е во најголема криза досега. Наводно, искусниот напаѓач е бесен поради ароганцијата на неговата избраничка од пристигнувањето во Саудиска Арабија.

Новинарот Даниел Насименто изјави дека неодамнешното однесување на Кристијан на теренот произлегува пред се од тоа што тој не е задоволен во приватниот живот.

“Роналдо не е среќен. Џорџина ги поминува деновите во трговски центри и веќе не му е смешно. Таа не прави ништо друго – само троши и троши. Најлошото е што таа мисли дека живее според неговите стандарди, но нему воопшто не му се допаѓа нејзиното однесување“, рече тој.

Од другата страна, Филипа Кастро, пријателка на познатиот пар тврди дека сето тоа е заговор на луѓе кои се против врската и не ја сакаат Џорџина.

“Можам да ви потврдам од стопроцентни сигурни извори дека тие се, како и секогаш, многу среќни. Овие озборувања ги измислуваат луѓе кои не можат да ја поднесат Џорџина. Тие се многу заљубени и постојано си даваат љубов еден на друг”, изјавила Филипа Кастро.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Џорџина Родригез покажа завидна фигура на плажата во Абу Даби

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ