Битката меѓу поранешната најпозната холивудска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит се уште трае на суд. Деталите за врската на оскаровците не престануваат да ја запрепастуваат јавноста, а сега Анџелина го обвини Бред за физичко малтретирање за време на нивниот брак.
Двојката беше во врска од 2006 година и заедно одгледаа шест деца, три биолошки и три посвоени. Се заврши по инцидентот во приватниот авион во 2016 година, кога Анџелина тврди дека Бред физички го нападнал синот Медокс, но и неа.
Адвокатскиот тим на актерката поднел документи до судот во кои таа тврди дека Пит и претходно бил насилен кон неа, но дека ова било прв пат да го истури својот гнев врз децата.
Според Анџелина, Бред Пит ги испрскал неа и децата со вино и пиво во авионот, физички го нападнал најстариот син Медокс, а потоа и неа. Анџелина вели дека го држела одзади кога тој намерно се фрлил наназад, па тие паднале на седиштата зад нив.
„Историјата на физичко малтретирање на Пит започна многу пред инцидентот со авионот, но тоа беше кога тој првпат ги таргетираше децата. Постои историја на злоупотреба, контрола и прикривање инциденти, а Џоли има докази во форма на сведоштва, е-пошта и фотографии кои ќе ја поткрепат нејзината верзија дека Бред го прикривал своето однесување“, велат нејзините адвокати.
Во документите, Анџелина понатаму наведува дека последните зборови што ги слушнала од нејзиниот сопруг во тоа време биле „ебе*те се сите“.
Ја нарекол кучка и ја фатил за главата и рамената, па ја тресел“, стои во документите.
Пит негира дека физички ги нападнал децата или Анџелина и никогаш официјално не бил обвинет за насилство врз нив. Двојката сè уште е во правна битка за француската винарија која актерите ја купија заедно, како и за старателството над децата, кои се уште се малолетни.
Парот има шест деца, ги посвои децата Медокс (22), Пакс (20), Захара (19), како и биолошката ќерка Шајло (17) и близнаците Вивиен и Нокс (15).