Мажите сепак не се посилниот пол

Од:

Во Кина е направен интересен експеримент, на мажите им било понудено да ги почуствуваат породилните болки со специјален симулатор.

Со помош на електрични импулси мажите можеа да почувствуваат прво полесни, а потоа се посилни контракции на мускулите.

Знаете ли колку издрале? Најдолгу три минути.

– Се чувстував како да ми ги вадат органите од телото, но без анестезија, беше коментар на еден од учесниците на истражувањето.

Ова не е првпат мажите да се обидат да ја задоволат својата љубопитност во врска со бременоста и породувањето.

Двајца холандски ТВ водители поминаа низ симулации на породување и исто, како и кинеските мажи се превртуваа од болки и се откажаа од „породувањето“ по само неколку минути.

Освен нив, Џејсон Бремли, Стив Хенсон и Џони Бигинс во текот на еден месец носеле труднички одела, тешки 15 килограми за да ги почувствуваат маките на „благословената состојба“.

– Големо почитување за мајките и бремените жени, за секоја од нив, порачаа тие на крајот од истражувањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска