„Матурска парада“ на плоштад „Македонија“

Од:

Традиционалната манифестација „Матурска парада 2017“ ќе се одржи денеска напладне на плоштадот „Македонија“.

На „Матурската парада“ традиционално учениците кои го завршуваат средното образование танцуваат квадрил. Годинава ќе танцуваат и матурантите од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија.

Се очекува учество на околу 1.000 матуранти од 16 средни училишта од Скопје и нивните врсници од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија или околу 2.000 ученици. Moмчињата ќе носат сини, а девојките жолти маички.

Официјалниот дел на програмата ќе почне во 11:40 часот со обраќање на претставник од Град Скопје, а потоа матурантите ќе ја кажат заклетвата за ненасилство. Точно напладне со посредство на Македонското радио – Радио Скопје ќе биде преземен сигналот од Радио Словенија од каде доаѓа музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“, на која матурантите ќе го танцуваат квадрилот. По завршувањето на парадата ќе има честитка од Делегацијата на ЕУ во Скопје и кратка забавна програма со дел од учесниците во мјузиклот „Тајно моја“ во продукција на Македонската опера и балет.

Годинава, матурантите ќе танцуваат и салса на музиката „Shape of you“.

Покровители на „Матурската парада“ се Град Скопје и Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

Орце Костов

ВИДЕО: Наместо со автомобил, матурант пристигна на коњ на матурската вечер

Предраг Петровиќ

Павиќевиќ: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува

Ана Ололовска

ДИЦ: Тестови не се пробиени туку споделувани во вибер-групи откако почна испитот

Ана Ололовска

Втор дел државна матура – полагање на изборниот екстерен испит

Ана Ололовска

ДИЦ: Државната матура ќе полагаат 15 620 ученици

Ана Ололовска