Мастурбирањето е забрането во повеќето религии

Од:

The Big Book of Masturbation содржи рецензии за она што е напишано за мастурбацијата во медицината, правото, филозофијата, религијата и општествените науки.

А како е сфатено самозадоволувањето во пет различни верски традиции, наведено во текстот на Адам Фишер.

Јудаизам: Да, не, можеби…

Талмудот ја забранува мастурбацијата повикувајќи се на поплавата како казна во приказната за Ное, одговор на мажот кој грешел така што го расфрлал своето семе.

Друг древен текст самозадоволувањето го споредува со убиството – мажот кој мастурбира ’ја убива и пролева многу крв’. Јудаизмот го опишува тој чин како ’гнасно злосторство и можност за себичност’.

Но, во некои текстови мастурбирањето се смета за прифатливо сè додека се користи како ’форма на олеснување, сексуално задоволство или проучување и осознавање на телото’. Но, тоа не би требало да се прави опсесивно и тоа не смее да биде замена за хетеросексуален однос. Талмудот го одобрува самозадоволувањето ако тој чин доведува до хетеросексуален однос на паровите во брак.

Католицизам: Прилично – не!

Католичката црква се противи на намерното конзумирање на сексуални активности, од било која причина, надвор од бракот.

Мастурбацијата се смета за повреда на половиот однос бидејќи Црквата истиот го гледа како комуникација исполнета со љубов помеѓу двајца луѓе, додека мастурбацијата е осамено дејство кое не помага личноста да живее чисто или да биде исполнета со љубов кон другите.

Црквата учи дека сексуалното задоволство е добро и создадено од Бога, неменето на сопружниците.

Исламот: Ако тоа ве држи далеку од неверство…

Иако Куранот категорично не ја споменува мастурбацијата, многу расправи меѓу исламските учени луѓе се имаат водено токму на оваа тема. Главно, тие не охрабруваат на таков чин или го забрануваат. Некои мастурбирањето го сметаат за најмало расположливо зло во кое би можело да се прибегне во итни случаи, како што се ситуации кога постои можност за неверство.


Будизам: Страдање или задоволство?

Слично како и другите религии, и будизмот не е благонаклонет кон самозадоволувањето. Будистичките учења за мастурбацијата се протегаат од забрани до прифаќања за оние кои не се монаси и кои бараат привремено задоволство. Клучот на будистичкото учење е дека страдањето е предизвикано од страст, посакувањето, а тоа може да се спречи со духовен пораст. На мастурбацијата се гледа како на нешто што не е грешно, но, и на чин кој резултира со страдање.

Хиндуизам: Тоа е ваша работа (и работа на вашата мудрост и традиција)

Иако хиндуизмот го забранува половиот однос надвор од бракот, мастурбацијата е ствар на толкување. Хиндуистичките учења наведуваат дека ’сексот е лична работа на оние кои се вклучени во тој чин…Единствено правило е мудроста, водена од традицијата и доблестите…’

Би можело да ве интересира

„Пју“: Во светот расте државниот притисок врз религиите

Трибина на тема „Младите и религијата“

Ана Ололовска

„Нешнал џиографик“: Дали нерелигиозните стануваат водечка „религија“ во светот?

Наум Локоски

Анкета: Европејците помалку заинтересирани за религија од останатите

Ана Ололовска

Религија и секс: Секоја вера има свое правило

Ана Ололовска

Анкета: 84 отсто од населението во Македонија религиозно, а 88 отсто веруваат во Господ

Наум Локоски