Илон Маск повторно е на врвот на листата на Блумберг за најбогати луѓе во светот.
Извршниот директор на Tesla беше соборен од првото место од Бернар Арно, извршен директор на францускиот луксузен конгломерат LVMH, во декември минатата година, па Маск беше втор на листата повеќе од два месеци.
Од понеделник, растот на акциите на Tesla го врати Маск на врвот на индексот на милијардери во реално време, пишува CNN.
Нетото богатство на Маск беше околу 187,1 милијарди долари по затворањето на пазарот во понеделникот, според Блумберг, надминувајќи го богатството на Арно од 185,3 милијарди долари.