Маск подели еден куп оставки во Твитер, поранешниот директор морал да побегне од дома

Од:

Твитер го распушти Советот за доверба и безбедност под новиот извршен директор Илон Маск.

Членовите на тоа тело беа известени преку е-пошта дека Советот повеќе не е „најдобрата структура“ за да донесе „надворешни увиди во развојот на производите и работата на политиките“, објави Вашингтон пост.

Советот беше советодавна група составена од 100 независни организации кои имаа за цел да се справат со говорот на омраза, експлоатација на деца, самоубиства, самоповредување и други појави што се гледаат на платформата.

Синоќа беше објавено и дека поранешниот службеник за безбедност на Твитер, Џоел Рот, бил принуден да го напушти својот дом поради ескалацијата на нападите врз него, вклучувајќи го и самиот Маск.

„Вашингтон пост“ пишува дека Рот побегнал откако твитовите на Маск погрешно ја претставиле академската работа на Рот за сексуалните активности и децата.

Како шеф на безбедноста, Рот беше вклучен во многу одлуки на платформата за тоа кои објави или сметки мрежата треба да ги суспендира.

Е-поштата дојде непосредно пред видео состанокот на членовите на советот со претставниците на Твитер за да разговараат за неодамнешните случувања, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на извори блиски до компанијата.

„Ние сме благодарни за вашиот ангажман, совет и соработка во изминатите неколку години и ви посакуваме успех во иднина“, се вели во мејлот.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

Судот пресуди дека Твитер го прекршил договорот за исплата на бонуси на вработените

Горан Наумовски