Маск не објави дека се повлекува од функцијата: Би можеле да гласаат само автентични Твитер профили

Од:

Милијардерот и сопственик на Твитер Илон Маск се согласи дека во иднина само корисниците со сина ознака треба да гласаат за политиките на компанијата.

Тој долго време не коментираше по анкетата во која корисниците на Твитер гласаа за негова оставка, но Маск сега се огласи.

Иако не го коментираше она што сите го очекуваа, тој не објави дека се повлекува од позицијата извршен директор.

Имено, корисниците предложија само сметките кои имаат верификација во форма на сина ознака да одлучуваат и да гласаат во идните анкети за политиката на компанијата Твитер.

Со ова се согласи и Маск, посочувајќи дека тоа е добар предлог и дека Твитер ќе ја спроведе промената.

Синиот знак за проверка е функција која им се дава на профилите на Твитер како доказ за автентичноста, а може да се добие со плаќање месечна претплата од осум долари.

Сè уште ја чекаме официјалната реакција на Илон Маск за резултатите од вчерашната анкета на која корисниците на Твитер гласаа за милијардерот да се повлече од функцијата извршен директор на компанијата.

Би можело да ве интересира

Основачот на Твитер сега има нова социјална мрежа

Падна Твитер

Политичките лидери пристигнуваат во Давос, на Илон Маск настанот „му звучи досадно“ и нема да присуствува

А1он

Твитер најави олеснување на забраната за политичко рекламирање

Маск изгуби повеќе пари од кој било во историјата

Податоците на 400 милиони корисници на Твитер се продаваат на црниот пазар

Горан Наумовски