Маск: Ќе ја напуштам функцијата шеф на Твитер штом најдам некој доволно глупав за оваа работа

Од:

Илон Маск изјави дека ќе се повлече од функцијата шеф на Твитер „штом најде некој доволно глупав за таа работа“. Тој додаде дека после тоа ќе се грижи само за софтверот и серверските тимови.

Одговорот на Маск доаѓа по анкетата во која тој ги прашал корисниците на таа социјална мрежа дали сакаат тој да се повлече. Корисниците одлучија, 57,5 ​​отсто од нив гласаа за заминување на Маск, а тој најави дека ќе постапи според резултатите од анкетата. Во истражувањето учествувале 17.502.391 корисник.

Само дваесет минути откако ја објави анкетата, а се виде дека „да“ за неговото заминување е далеку попопуларно, Маск на Твитер напиша „пази што посакуваш, може да се оствари“.

Како одговор на еден коментар, Маск одговори: „Прашањето не е да се најде извршен директор, туку извршен директор кој може да го одржи Твитер жив“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Маск мавташе со моторна пила на собир на конзерватицвите

Маск сподели видео од Лавров и го пофали: Вака изгледа компетентно раководство

Маск ја најави најпаметната вештачка интелигенција во светот

А1он

Маск: Да ги уништиме сите владини агенции

Мерц: Маск ќе се соочи со последици за мешање во германската изборна кампања

Маск: Ројтерс доби милиони од Пентагон за „општествена измама од големи размери“

Горан Наумовски