Маск го распушти Управниот одбор на Твитер

Од:

Илон Маск го распушти Управниот одбор на Твитер, со што ја консолидираше контролата врз компанијата што ја презеде пред неколку дена.

Како што јави Би-Би-Си, овој потег е откриен во документите на Комисијата за хартии од вредност на САД.

„На 27 октомври, по затворањето на договорот за преземање, Маск стана единствен директор на Твитер“, се вели во документот.

Меѓу деветте отпуштени директори се поранешниот извршен директор Брет Тејлор и поранешниот извршен директор Параг Агравал.

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, на 28 октомври склучи договор вредна 44 милијарди долари за преземање на Twitter, со што стана шеф на една од највлијателните социјални мрежи во светот. Уште тогаш се знаеше дека првиот потег му е да го отпушти директорот.

Медиумите објавија дека Агравал и главниот финансиски директор Нед Сегал биле во седиштето на Твитер во Сан Франциско кога бил склучен договорот и дека биле изведени од зградата.

Маск ги обвини претходните лидери дека го доведоа во заблуда него и инвеститорите за бројот на лажни сметки на платформата, како и дека не му дале јасни аргументи за тоа како да ги постигне високите амбиции што ги има со влијателната социјална платформа.

Маск рече дека сака да ги победи „спам ботови“ на Твитер, да ги направи јавно достапни алгоритмите кои одредуваат како содржината им се презентира на корисниците и да спречи платформата да стане комора за омраза и поделби.

Маск претходно денеска изјави дека сака Твитер да стане „најпочитуваната рекламна платформа“ и рече дека сака да му „помогне на човештвото“ со оваа аквизиција.

Маск, ко-основачот на Твитер Џек Дорси и други инвеститори претходно предложија дека сакаат да ја тргнат социјалната мрежа подалеку од рекламирањето и да генерираат приходи преку претплати и други средства. Самиот Маск еднаш напиша дека „мрази рекламирање“. Затоа, огласувачите се загрижени за преземањето на мрежата од Маск.

„Има многу шпекулации за тоа зошто го купив Твитер и што мислам за рекламирањето. Повеќето од нив се погрешни“, напиша Маск на социјалната мрежа.

Би можело да ве интересира

SpaceX на Маск ја лансираше најмоќната ракета на светот, таа беше изгубена пред крајот на летот

Горан Наумовски

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Маск им одговара на огласувачите: „Еб*те се”

Предраг Петровиќ

Разговорот меѓу Ердоган и Маск стана хит, претседателот на Турција го праша: Каде ти е сопругата?

Предраг Петровиќ

Маск најави тестирање на мозочен чип на луѓе, тестирањето ќе започне за шест месеци

Горан Наумовски

Маск најави големи промени на Твитер: „Болно, но неопходно“

Ана Ололовска