Маск го купи Твитер, веднаш ги отпушти директорите

Од:

Елон Мaск го „затвори“ договорот за купување на Твитер за 44 милијарди долари, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата.

Најбогатиот човек на светот на тој начин стана шеф на една од највлијателните социјални мрежи во светот.

Првиот потег му беше да го отпушти раководството на социјалната мрежа. Маск ги отпушти извршниот директор Параг Агравал, главниот финансиски директор Нед Сегал и главниот правен и политички директор Виџеј Гада, јавуваат американските медиуми.

Маск ги обвини претходните лидери дека го доведоа во заблуда него и инвеститорите за бројот на лажни сметки на платформата, како и дека не му даваат јасни аргументи за тоа како да ги постигне високите амбиции што ги има со влијателната социјална платформа.

Маск на Твитер потврди дека преземањето е завршено. „Птицата е ослободена“, напиша тој.

Маск рече дека сака да ги победи „спам-ботови“ на Твитер, да ги направи јавно достапни алгоритмите кои одредуваат како содржината ќе биде претставена на корисниците и да спречи платформата да стане место за омраза и поделби.

Би можело да ве интересира

SpaceX на Маск ја лансираше најмоќната ракета на светот, таа беше изгубена пред крајот на летот

Горан Наумовски

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Маск им одговара на огласувачите: „Еб*те се”

Предраг Петровиќ

Разговорот меѓу Ердоган и Маск стана хит, претседателот на Турција го праша: Каде ти е сопругата?

Предраг Петровиќ

Маск најави тестирање на мозочен чип на луѓе, тестирањето ќе започне за шест месеци

Горан Наумовски

Маск најави големи промени на Твитер: „Болно, но неопходно“

Ана Ололовска