Маргаринот е штетен, а месото, путерот и јајцата не се ризични за здравјето

Од:

Конзумирањето маргарин ја зголемува опасноста од развој на срцеви болести и предвремена смрт, но тоа не е случај кога станува збор за путерот и јајцата, покажуваат резултатите од најновото истражување.

Научниците одамна утврдиле дека трансмасните киселини, индустриски произведени со термничка обработка на растителното масло, кои ги наоѓаме во голем број производи – од маргарин до брза храна, немаат никакво позитивно влијание на здравјето. Напротив, нивното конзумирање за една третина го зголемува ризикот од предвремена смрт.

За разлика од трансмасните, заситените масни киселини, кои ги има во производите од животинско потекло, како што се млекото и месото, не го зголемуваат ризикот од срцеви болести, мозочен удар и дијабетес тип 2, а ниту постои ризик од предвремена смрт.

Научниците анализирале резултати од 50 различни истражувања за тоа во колкава мера двата типа на масни киселини влијаат на здравјето на поединците и утврдиле дека нема поврзаност меѓу конзумирањето производи богати со масни заситени киселини и зголемениот ризик од мозочен или срцев удар.

Од друга страна, пак, трансмасните киселини се поврзуваат со 28 отсто зголемена смртност од коронарни болести и 21 отсто зголемен ризик од развој на срцеви болести.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска