Маникирот опасен за здравјето

Од:

Новите истражувања покажале дека УВ лампите, кои редовно се користат во салоните за маникир при украсување на ноктите со гел, го зголемуваат ризикот од добивање рак на кожа.

Експертите тврдат дека станува збор за SCC, односно карцином на плочкастите клетки, кој се смета за втор најчест облик на рак на кожа, предизвикан од постојано изложување на УВ зраци. Најчесто се појавува на рацете или околу ноктите.

Во САД годишно се регистрираат околу 700.000 вакви случаи, од кои околу 2.500 завршуваат со смрт.

Научниците додаваат и дека ризикот од заболување со изложување на рацете под УВ лампа е мал, но воопште не е за отфрлање. Иако долго време се зборувало за штетното влијание на овие лампи врз здравјето, дури сега се извршени валидни истражувања кои тоа го потврдуваат, откако е познато дека тие предизвикуваат стареење на кожата и хиперпигментација.

На дамите им се советува да го избегнуваат маникирот за кој е неопходна употреба на УВ лампа, како и обврзна употреба на креми за раце со заштитен фактор доколку сепак се одлучат на ваков третман.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска