Мангото е вкусно и здраво

Од:

Мангото е вкусно егзотично овошје кое ја зголемува способноста на организмот да се бори против ракот, срцевите заболувања и нарушувања на видот.

Освен што е едно од најслатките овошја и одлично освежува на летните горештини, мангото во себе содржи и големо количество на каротеидни состојки (алфа каротен, бета-криптоксантин и многу други) кои можат да дадат одредена заштита од неколку видови на канцер. Познато е дека каротенот, кој го има и во црвеното овошје и зеленчук, штити и од многу силно сонце и ја чува кожата.

Витаминот А и бета-каротенот, исто така, се познати како состојки кои можат да го подобрат видот, додека витаминот Б6, кој исто така се наоѓа во плодот на мангото, помага за контрола на хемоцистеинот во крвта. Високото ниво на оваа аминокиселина е поврзано со зголемениот ризик од добивање на инфаркт или некое друго срцево забалување.

Растворливите влакна на мангото го забавуваат ослободувањето на шеќер во крвта. Ова овошје е многу слатко и вкусно, па затоа се советуваат оние кои се обидуваат да ја одржат својата телесна тежина да не претеруваат со негово конзумирање.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава