Македонски инструктори ќе одржуваат семинари за ориентален танц на семинар во турскиот град Кушадаси. Според организаторите, ова е прв ваков семинар, а целта е да се запознае турската култура и да се усоврши техниката на ориенталниот танц.
– Нашата главна цел е да ја подигнеме свеста за оваа многу специфична уметност. Знаеме дека Балканот е многу поконзервативен особено за оваа уметност, затоа ги организираме овие обуки за да ги запознаеме сите со бенефитите кои ги добиваме со изучување на овој танц, како правилно држење на телото, активирање на сите мускули за поздрав и поквалитетен живот, вели Марија Андева, дипломиран балетски педагог за современ танц од студиото „Марбел“ кое е организатор на семинарите во Турција.
Студио Марбал е училиште за танцување од Скопје, а досега има освоено први места на фестивали во Нови Сад, Скопје, Белград и Виена.