Македонската поп пејачка Андреа со нов синг „Choose My Way“

Од:

„Choose My Way“ е новиот сингл на Андреа, македонска поп пејачка, веќе добро позната на македонската публика. Овој пат Андреа допира до тинејџерите со една помрачна, подлабока електропоп балада, во која ќе се пронајдат младите, но и повозрасните.

-„Choose My Way“ се одликува со подлабока текстуална софистицираност за младата артистка и ги истакнува влијанијата на соул и RnB музиката, истакнуваат од тимот.

Андреа се појавува на нашата музичка сцена минатата година во октомври со песната „I Know“, и оттогаш па наваму нејзините песни ги освојуваат љубителите на поп звукот ширум светот. По легендарниот Тоше Проески, Андреа е единствената македонска пејачка која за помалку од една година успеа да допре до слуштелите на повеќе од 40 топ радиостаници на Балканот. Со 11 милиони прегледи на Тикток и Јутјуб, и над 750.000 преку други стриминг платформи, Андреа постепено и сигурно се пробива на светската музичка сцена.

-Додека го пишувавме текстот на „Choose My Way“, морав да се присетам на сите борби со себе и со најблиските кои ги водев во тинејџерските денови. Нашите родители ни мислат и посакуваат најдобро, но на крајот од денот, ние сме тие кои најдобро знаеме што е тоа што нè прави среќни и исполнети, вели Андреа.

Андреа е родена на 14 февруари 2020 година, а љубовта кон музиката се раѓа на нејзина 5-годишна возраст додека престојува во Харлем поради работните обврски на нејзините родители. Таму се запознава со госпел, соул и RnB звуците кои ја прават доживотен вљубеник во музиката. Како ќерка на професор и доктор, нејзините родители од неа очекувале да одбере слична „респектирана“ кариера. Андреа го одбира патот кон музичката индустрија.

Нејзините синглови „I Know“, „I Don’t Know Your Name“, „Betting on You“ и „Heartbreak“ се емитуваа на преку 200 радио станици низ целиот свет во над 40 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Германија, Холандија, Италија, Швајцарија, Норвешка, Франција, Мексико, Канада, Сингапур, Јужна Африка, Грција, Македонија , Бугарија и други.

Синглот ќе биде достапен од 27 август.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов сингл на Кристина Арнаудова „Засекогаш“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Јана Бурческа ја промовираше „Home alone“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Нијагара“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дупер со нова песна

Ана Ололовска

Видеоспот за макфестовската песна „Омилен“ на Марија Спасовска

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова песна на ДНК – „Милион денови“

Ана Ололовска