Македонија не треба да учествува на Евровизија

Од:

Следната година Македонија не треба да учествува на Евровизија. Ова е исходот од досегашното гласање на анкетата која неодамна ја објави Македонската радио телевизија на својот интернет сајт.

Јавниот радиодифузен сервис, сакајќи да го слушне гласот на народот во врска со изборот на песна за Евровизија за 2015-та година, ги повикува граѓаните да изберат еден од трите понудени одговори:

Претставникот да биде победникот на Скопскиот фестивал

Да се избере по пат на интерна селекција во МРТ

Македонија следната година воопшто и да не се појави на евровизиската сцена во Виена, Австрија.

Резултатите од анкетата која се уште е во тек, покажуваат дека мнозинството Македонци не сакаат државата следната година да биде претставувана на овој европски фестивал.

Screenshot_7

Сепак, нејасно е зошто МРТ не понуди опција самите граѓани кои го финансираат јавниот сервис плаќајќи радиодифузна такса, да го кажат своето мислење и предлот кој е нивниот фаворит за претставник. Откако трета година по ред претставниците за Евровизија ги избира комисија од МРТВ, Македонија не доживеа никаков значаен успех на ова музичко натпреварување, а дел од музичарите се појавија на речиси секој значаен настан на владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

По Евровизија, поп пејачката Калиопи настапуваше на Конвенцијата на ВМРО – ДПМНЕ за претседател пеејќи ја македонската химна, а нејзините настапи продолжија и на митинзите на владејачката партија за време на паралелните претседателски и парламентарни избори.

Партиските митинзи беа и „генерална проба“ за Тијана Дапчевиќ, пред нејзиното заминување за Данска, да ги брани боите на Македонија. Минатата година, пак, избувна голем скандал во јавноста и следуваа бурни реакции за она што МТВ го понуди како музички производ.

„Пред да се раздени“ ја замени контроверзната етно – поп песна „Империја“ на Влатко Лозазновски и Есма Реџепова, чиј спот со кадри од проектот „Скопје 2014“ предизвикаа бурни негодувања кај граѓаните на социјалните мрежи. Кралицата на ромската музика, која е и советничка од редовите на ВМРО – ДПМНЕ во град Скопје, по дебаклот на Евровизија, ја доби титулата национален уметник.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија