Македонија дел од медитеранско-балканската туристичка понуда

Од:

Претседателот на Туристичко – угостителската комора  при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК)  Аркан Керим со делегација од комората, присуствува на конференција во Будва во организација на Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора и Светската туристичка организација (UNWTO).

– Во фокусот на конференцијата е квалитетот на туристичките производи, кои треба да бидат двигател за успех на медитеранските дестинации. Во оваа насока дискутираме и Република Македонија да биде активно промовирана во медитеранско-балканската туристичка понуда на Светската туристичка организација. Правиме заложби нашата земја да биде промовирана во трети земји како атрактивна туристичка дестинација. Веќе остваривме средби и со комори и организации од Јордан, Турција, Словенија, Хрватска во насока на идно зцврстување и официјализирање на соработака , изјави Керим.

На конференцијата присуствуваатмеѓународни експерти од областа на туризмот и повеќе од 200 учесници кои во рамки на панел дискусиите ќе имаат можност да ги претстават своите искуства како и искуствата на земјите и компаниите од каде што доаѓаат. Учествуваат и претставници на Европската комисија за заштита на животната средина, рибарство, министерства за туризам на Хрватска, Мароко, Тунис, Малта, претставници на хотели, туроператори, крузинг компании, туристички организации и сл.

Целта на Конференцијата е создавање платформа за медитеранските и балкански дестинации и сите релевантни партнери за дијалог во врска со актуелните и потенцијаните предизвици  во насока на остварување партнерство со земјите од регионот.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ