„Мајкрософт“ и „Симантек“ пресекоа глобална операција на кибер криминалци

Од:

Софтверските компании „Мајкрософт“ и „Симантек“ објавија дека пресекле глобална операција на кибер криминалци, на тој начин што ги исклучиле серверите кои контролираат стотици илјади персонални компјутери без знаење на нивните корисници.

Мерката довела до времена неможност на заразените компјутери во светот да вршат пребарување во мрежата, и покрај тоа што компаниите испратиле бесплатни инструменти за прочистување на машините преку електронски соопштенија, кои автоматски влегувале во заразените компјутери.

Програмери, кои дејствувале од името на двете компании, нападнале вчера бази на податоци во градот Вихокен во државата Њу Џерси и Манасас, во Вирџинија. Акцијата за нивно пресретнување била во соработка на федералните власти по наредба на федерален окружен суд во Александрија, Вирџинија.

– Како резултат на тоа експертите воспоставиле контрола врз еден сервер во Њу Џерси и ги проследиле операциите на центарот за податоци во Вирџинија и во компанијата во Холандија, изјави претставникот на „Мајкрософт“ Ричард Боскович.

Според него, има голема веројатност дејствијата на програмерите да постигнале целосен успех во прекин на хакерската операција, позната по името „Бамитал ботнет“.

Според податоци на „Мајкрософт“ и „Симантек“ исклучените сервери комуницирале со меѓу 300.000 и еден милион персонални компјутери, заразени со „злонамерен“ софтвер. Компаниите посочија дека операцијата „Бамитал“ крадела резултати од пребарувањата, организирајќи шеми при кои трговски компании илегално наплатуваат за „кликнување“ на нивните рекламни банери.

Според „Мајкрософт“ и „Симантек“ организаторите на овие операции заработувале по еден милион долари годишно.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Македонија има најбрз интернет во регионот

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски

Руски хакери нападнаа хрватски институции: „Одамна не сме ја посетиле Хрватска“

Предраг Петровиќ