Во развојот на децата, според најновите истражувања, татковците во некои сегменти имаат поголемо влијание, отколку мајките.
Влијанието врз кариерата
Истражувањето покажало дека татковците кои работат домашни работи имаат поамбициозни ќерки. Авторот на истражувањето Алиса Крофт од Униврзитетот Бритиш Колумбија тврди дека татковците со своето однесување ги научиле децата да размислуваат надвор од стереотипите. – Важно е не само да се разговара за рамноправноста на половите, туку тоа и да се покаже, веи Крофт.
Приказни за добра ноќ
Сите оние, кои им раскажувале приказни на децата пред спиење имале деца со побогат вокабулар.
Гените на таткото
Истражувањето објавено во списанието „Натур Генетикс“ покажало дека сите деца се генетски слични со татковците. Сме наследиле ДНК речиси еднакво од секој родител, но користиме повеќе гени од таткото, се наведува во истражувањето.
Погруба игра
Активната игра и беснеењето помага во учењето. Многу истражувања покажале дека погруба игра со таткото им помага на децата да го проценат ризикот, да решат проблеми, да ги запознаат своите граници, да управуваат со возбудувањата и агресивноста.
Исхрана
И исхраната на татковците влијание на идното здравје на децата. Татковците треба да внимаваат како се хранат и пред зачнувањето со цел на своите деца да им обезбедат здрав живот.