Мајката на Кејт Мидлетон откри дека ќе стане баба на лавче

Од:

Во текот на разговорите на неодамнешната скара, која ја подготвија за најблиските пријатели, Кејт Мидлетон (31) и принцот Вилијам (30) открија дека Кејт би требало да се породи на 13 јули.

Но Celebitchy пишува дека првото дете на кралската двојка ќе биде во знакот на лав, што би значело дека Кејт ќе се породи меѓу 24 јули и 23 август. За оваа информација која протече во јавноста виновна е мајката на Кејт, Карол.

Внучето на кралицата Елизабета би требало да се роди во приватната болница Сент Мари, во истото родилиште во кое се родил и Вилијам. Се претпоставува дека двојката ќе добие син затоа што фотографите ја снимиле Кејт додека во продавница за детски играчки купувала сино кадифено мече.

Би можело да ве интересира

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја