Мајката на три деца објави искрена родителска фотографија, за која вели дека инаку би била избришана без размислување. Овој спонтан момент освои многу мајки кои веднаш се препознаа на фотографијата.
Олимпијката Либи Трикет (34) од Австралија ја пронајде фотографијата на нејзиниот телефон, која ја снимила нејзината најстара ќерка Попи (4). На неа, гледаме мајка во секојдневно домашно издание како ја средува косата на својата средна ќерка Еди, додека најмладата Бронте лежи во скутот.
Иако признава дека аголот на сликата не и ласка на нејзината постпородилна фигура, Либи вели дека забележува работи што ќе и недостасуваат во иднина.
Најсмешно е што мојата четиригодишна ќерка постојано слика со мојот телефон. Обично само ги бришам тие фотографии затоа што, да бидеме искрени, ретко кога нешто тие слики претставуваат – напиша Либи на Инстаграм и додаде:
Но оваа (фотографија) ме изненади бидејќи така убаво ме прикажува со ќерките и тоа е момент кој сигурно ќе ми недостасува во иднина. Бронте нема уште долго да може да ја собере во мојот скут, а наскоро Еди ќе сака сама да си прави фризури. Секако дека куќата ни е во неред, и некој постојано плаче, има скршени коски и растечени носеви, но мило ми е што Попи го уловила тој момент.
Голем број на мајки се препознаа во искрениот опис на фотографијата па и се заблагодарија на Либи што ја објави.