Германка на возраст од 65 години која веќе има 13 деца и седум внуци, повторно е бремена и носи четворка, објавија германски медиуми.
Со тоа, учителката Анегрет Рауниг би можела да биде најстарата мајка на четворки на светот, објави телевизијата Ер-Те-Ел.
Таа се одлучила на вештачко оплодување за да исполни желба на својата најмлада 9-годишна ќерка – да има помлад брат и сестра. Бремената учителка Раунинг оваа година заминува во пензија.
Претходното дете го родила на 55-годишна возраст.