Мачките може да предизвикаат шизофренија

Од:

Избегнувајте ги мачките и нема да заболите од шизофренија. Кон ваков заклучок може да доведе предупредувањето на научниците од прашкиот Психијатриски центар, кои откриле дека за промените на мозокот кај луѓе со генетска предиспозиција кон шизофренијата, придонесува и токсоплазмозата, инфекција која ја пренесуваат мачките.

Иако, ова откритие е во прва фаза, експертите се обидуваат да го потврдат, јави дописникот на МИА од Прага.

Според информациите, при експериментот на стаорци во мозокот им била вбризгана супстанција која се јавува како имунолошки одговор на инфекцијата токсоплазмоза и биле тестирани некои од реакциите кои се познати во шизофренијата.

Се утврдило дека реакциите кои се вклучени во имунолошкиот процес и кај стаорецот доведуваат до слични промени како и супстанцата која предизвикува шизофренија.

Потоа била набљудувана група на здрави луѓе и група на болни од шизофренија, кои биле разделени и според тоа дали имаат или немаат антитела против токсоплазмоза.

– Нашиот експеримент јасно покажа дека морфолошките измени, кои секаде во светот се наоѓаат меѓу болните од шизофренија, се во взаемна врска со инфекцијата токсоплазмоза и мозокот на човекот со генетска предиспозиција за шизофренија, објасни еден од авторите на истражувањето, професор Јиржи Хорачек.

Причинителот на токсоплазмозата е многу распространет паразит, со кој е инфицирана третина од човештвото и досега од медицинска гледна точка тоа беше сметано за неважен факт.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска