Лувр повторно ги отвора вратите за посетителите

Од:

Парискиот музеј Лувр соопшти дека денеска повторно ќе ги отвори вратите за посетителите, откако четири дена беше затворен поради поплавите, кои го погодија Париз. 

Поплавите беа причина поради која уметничките дела на познатиот музеј од долните нивоа беа пренесени на горните катови. 

Изминатите четири дена на Лувр му донесоа загуба од милион и пол евра поради непродадени билети, а 120 илјади посетители немаа можност да уживаат во ремек-делата, како познатата Мона Лиза. 

Музејот соопшти дека 35 илјади уметнички дека се тргнати од просториите за чување или пониските простории за кои е проценето дека се загрозени, но се е вратено на место откако се намалил водостојот на реката Сена, кој во саботата достигна кулминација. 

Уште еден париски музеј, Орсеј исто така беше затворен поради поплавите.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски