Луксузниот хотел Коко Палм Дуни Колху на Малдиви бара личност која ќе се грижи за желките на плажата. Работата би подразбирала уживање, сите трошоци ќе ги покрие хотелот, додека со крајчето од окото треба да се надгледуваат желките.
Понудата звучи нереално, со дополнителен мал услов – личноста која ќе ја добие работата нема да смее да објавува слики на социјалните мрежи.
Хотелот Коко Палм Дуни Колху, сака да ангажира личност која е слободна да работи две недели во август. Иако работата не е платена, одбраниот кандидат ќе добие бесплатен одмор.