На некои човечки особини, како што се расположението или навиката за попладневна дремка, можно е да имаат влијание и нашите предци – неандерталците, објавува „Американ Џурнал оф Хјуман Џенетикс“.
Прочувањето на геномот на 100.000 Британци кои ја наследиле ДНК-та од неандерталците, покажа дека меѓу нив често се среќава мрзеливост, апатија, осаменост, доцна си легнуваат и се склони кон пушење.
Научниците од Институтот Макс Планк во Лајпциг, Германија, утврдиле дека вкрстувањето на неандерталците со човечката раса, влијаело и на бојата на кожата и на косата на луѓето, но само во мали количини.
Коавторот на студијата, Михаел Данеман смета дека овие откритија навестуваат дека неандерталците во Европа пред 50.000 години биле солидно прилагодени на мала дневна светлина. Toj период современиот човек првпат дошол од Африка на нашиот континент.