Луѓето да се едуцираат за храната и да ја следат науката, а не да се информираат на фејсбук

Од:

Научните истражувања за храната да им бидат достапни на обичните луѓе за да се едуцираат и информираат правилно, наместо да читаат секакви статии на фејсбук и други социјални мрежи или веб-портали напишани од лаици, порачаа учесниците на Меѓународниот конгрес „Нутрикон 2017“.

Предупредија на опасноста од шарлатанство кое е се поприсутно на интернет, посебно кога станува збор за здравствениот аспект на храната. Се препорачуваат, нагласија, многу производи кои наводно лекуваат канцер, а особено се манипулира со секакви диети и наводни здрави начини на исхрана. Предочија и дека во последно време на удар е традиционалната храна. За неа е се помодерно да се зборува, но најмалку од научен аспект.

Според професорите – предавачи, политиката треба да се тргне од храната, да им го отстапи местото на стручноста и моралот. Обрзованието за храната, пак, мора да почне од најрана возраст, уште од градинките, како и да има поширок опфат, да ги тангира родителите, наставниците, инспекторите, адвокатите,…, а пред се политичарите зашто од нив зависи како ќе се организира општеството. Тие што носат одлуки, беше речено, треба да сносат и одговорност.

– Трагично е што во однос на храната, луѓето му веруваат на фејсбук, а не научната заедница. Проблемот го лоцираме кај себе. Како научници, си ги споделуваме информациите во мали, затворени атари. Лекарите на конгреси и симпозиуми, стоматолозите, технолозите, инженерите, нутриционистите исто. Нема мешање меѓу струките, а храната е мултидисциплинарна работа. Единствениот начин да се бориме против фејсбук-информациите е достапност на реалната наука и на фејсбук и на сите останати мрежи или ако фејсбук како мрежа најде начин да ги рецензира информациите, не да ги забрани, да ги означува како научно непроверени. Тогаш, останува на луѓето дали ќе ги проверуваат или не, рече проф. д-р Владимир Какуринов, организатор на конгресот.

Во последно време, додаде, има огромен број написи за чудотворни лекови, диети, масла за лечење,… непоткрепени со ниту еден научен факт, кои се шират од еден профил на друг, низ целиот свет.

– Научната заедница сфаќа дека луѓето кои се во терминална фаза на некоја болест, се обратиле до сите медицински установи и ги пробале сите можни лекарства, ги читаат тие работи и ги применуваат и гледаат спас во тоа, тие луѓе најмногу ги разбираме, но не ни е јасно зошто луѓето кои се здрави, прави или со минорни здравствени проблеми, не одат на лекар, не консултираат нутриционист, не следат технолози, туку се повикуваат на квази-написи, истакна Какуринов.

Во овој контекст, објасни професорот, не е точно дека кафето е штетно или дека бананата, боровинките не содржат канцерогени материи.

– Бананата што ја јадеме денес нема врска со природната и е хибрид од два различни вида, добиен со зрачење. Тоа значи дека е радиоактивна, но во толку мали дози што не е штетно. Боровинките имаат преку 120 компоненти од кои 30 се канцерогени, а таа е сепак едно од најздравите овошја. Канцерогените материи се во такво количество и баланс што се дури и позитивни за човечкиот организам. Исто и селенот, тој само по себе е отров, но без него нема да има витамин Е, нагласи Какуринов.

Според него, политиката треба да се тргне од храната, а на сметка на тоа да преовладаат стручноста и моралот.

Посебно мора, потенцира професорот, да се поработи на регулативата зашто таа во моментов не соодветствува на реалноста. Не е можно, како што стои во законите, да има „нула“ пестициди или антибиотици во храната кога е нормално присуството на нивни резидуи.

Конгресот се одржува во соработка со Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (ЕХЕДГ) и Иницијативата за глобална хармонизација (ГХИ), ќе трае и утре, а на него учествуваат професори – лекари, стоматолози, микробиолози, технолози, нутриционости, инженери,…

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава