Љубовните хормони се трошат по четири години!

Од:

Иако прашањето „колку трае љубовта“ е вечна тема, по многубројните научни истражувања е утврдено дека љубовните хормони се „трошат“ по четири години!

Сексолозите се дури и порадикални: велат дека љубовта трае се на се една година, партнерите потоа се заситуваат, си стануваат досадни еден на друг и во врската остануваат поради навика, морални, општествени или економски причини, додека други едноставно не сакаат да продолжат, доколку повеќе нема „хемија“ и одат во една во друга врска. 

Кога е во прашање бракот постојано слушаме дека кризата настапува во седмата година. Адвокатите специјализирани за разводи тврдат поинаку: партнерите го доживуваат првиот удар во петтата година, а се разведуваат подоцна по 12 години заеднички живот.

Експертите се помалку веруваат во ставот дека децата го зацврстуваат бракот. 

– Потомството можеме да го претставиме како знамињата на слаломот, кој го изведуваат мажите и жените. Но треба да знаете да возите слалом. Тоа постојано им го повторувам на паровите кои доаѓаат во брачното советувалиште. Морате да научите понекогаш да се „одбраните“ од децата да пронајдете време да се занимавате со самите себе, да обезбедите некого, кој ќе ви го чува детето, една вечер во неделата, кога ќе му се посветите на својот животен сопатник, бидејќи во животот партнерот ви е најважен, смета познатиот италијански психијатар Џакомо Даквино, кој наведува и дека секојдневната грижа за децата, како и константниот напор околу работата и домот ја „убиваат“ љубовта.

Тој вели дека доколку секојдневно сте окупирани со детето, вие сте главниот виновник што меѓу вас и вашиот партнер нема страст и љубов.

Иако не постои универзален рецепт за сите парови, терапевтите се согласни дека на љубовта секојдневно треба да се работи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска