Лима доби билборд што воздухот го претвора во чиста вода за пиење

Од:

Инженерите од Универзитетот за инженерство и технологија во Лима заедно со маркетинг компанијата „Мајо Публицидад“ создадоа билборд што од влажноста во воздухот прави чиста вода за пиење.

Влажноста на воздухот во Лима е околу 98 проценти. Билбордот ја собира влагата од воздухот и ја претвора во вода, која може да се пие од чешма, која се наоѓа на дното.

Воздухот минува низ пет машини во внатрешноста на билбордот, како што се филтер за воздух, кондензатор и карбонски филтер. Кондензираниот воздух се собира во цевки кои водат во дното на структурата, пренесува „Дискавери Њус“.

Билбордот дневно создава 96 литри чисти вода за локалната заедница.

Лима е втор најголем главен град во светот кој се наоѓа во пустина. Дождовите се реткост, а годишното количество врнежи е помалку од 30 милиметри, поради што голем број граѓани се снабдуваат со вода од разни извори во кои во најголем дел се наоѓа нечиста вода.

Би можело да ве интересира

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он