Лицето открива какви љубовници сме, според кинеската древна наука

Од:

Проучувајќи ја древната кинеска филозофија, сексологот Трејси Кокс изградила своја теорија дека лицето го открива сѐ она што треба да го знаеме за партнерот во однос на љубовта и сексот, колку е тој /таа слободен/-на, верен/-на, топол/-а, имагинативен/-на…

Очи

Ако имате потемна боја на очите, тоа значи дека сте страсни, топли и отворени. Синооките и зеленооките се креативни во сексуалниот живот, но често се и неверни како партнери, а оние со кафени очи се дури и уште поголеми авантуристи.

Усни

Големите и полни усни укажуваат на сензуални, несебични љубовници, а по малку и имагинативни и инвентивни. Пополната долна усна е карактеристика на хедонистите во сè, па дури и во љубовта, додека пак, ако таа е потенка, личноста најверојатно е студена и воздржана.

Нос

Малиот нос е симбол на сексуална скромност, а оној којшто е малку заоблен надолу – на сензуалност. Луѓето со тап нос обично се страствени, додека пак, оние со чпртав, се романтични и верни.

Уши

Луѓе со мали ушни школки се отворени и посветени на љубените, а оние со поголеми уши важат за сензуални и страсни љубовници, кои сепак сакаат и „нешто настрана”.

Веѓи

Ретките и кратки веѓи се признак за посветеност и пожртвуваност во љубовта, но и на скромност во желбата за секс. За оние со густи веѓи, се вели дека се сензуални, но и неверни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицаец јавно се посрамоти, имал секс со љубовницата во службениот автомобил

А1он

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

Истражувања: Германците имале подобар секс во време на пандемијата

Ана Ололовска