Јаболковиот оцет има антибактериско дејство, ги убива бактериите, габичките и другите микроорганизми, а помага и во борба против вирусите.
Се користи кај настинки, грип, воспаление на грлото, синуси, инфекции на мочни канали, простата, бешика, инфекции на кожа, зголемен крвен притисок, импотенција, стерилитет, дебелина, чиреви, гастритис, воспаление на црева, проливи, главоболки, вртоглавици, реума, воспаление на зглобови, изгореници и др. Ја подига општата отпорност, умствената и физичката способност.
Во последните години може да се забележи индустриско производство на јаболков оцет, но неоспорно е дека домашно произведениот јаболков оцет има предност пред индустрискиот.
Јаболковиот оцет најпрвин е храна која има лековито својство и дава посебен квалитет на секојдневната исхрана.
Може да се користи како зачин во салати и додаток на јадења или едноставно да се става во чаша со млака вода и мед и да се пие.
Може и да се става на стапче со памук за да се чистат некои делови од телото. Јаболковиот оцет е одличен антисептик и често се користи за чистење на кожата. Во вакви случаи се користи разблажен со вода, зависно од намената и возраста.Јаболковиот оцет најдобро е да се зема по една лажица, со две лажички мед, измежшани во чаша со млака вода.