Лејди Гага на вечера кај Асанж

Од:

Лејди Гага го посети основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Пеачката истата вечер во стоковната куќа Harrods го претставуваше својот нов мирис и со оглед дека амбасадата се наоѓа на истата улица, Гага добила бизарна идеја да го изненади Асанж.

Наводно, таму стигнала околу 19 часот и заминала на полноќ, а судејќи по исфлеканата маица на Асанж и вечерале заедно.

За што рзазговарале цели пет часа не е познато. Фотографијата од средбата со Асанж, Гага ја објави на својот Твитер профил.

Асанж се крие во амбасадата на Еквадор бидејќи стравува дека ќе биде екстрадиран во САД, каде што може да биде сторго казнет под обвинение за шпионажа.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА