Во детскиот свет ластикот некогаш беше омилена игра. Меѓутоа изгледа дека овој кројачки реквизит изгледа дека денес поторно се врати во мода и оти девојчињата повторно им го „крадат“ на своите мајки за да си играат.
И тоа е добра вест, бидејќи прескокнувањето не само што е забавно, туку бара многу скокови и прецизност, така што одлично размрдува, ги јакне зглобовите и ја зголемува подвижноста.
Непишано правило е дека оној, кој успешно ќе ја совлада со оваа активност, ја учи техниката на отскок, во кој било спорт.
Притоа децата времето го поминуваат на свеж воздух, што е секогаш подобро од седење пред компјутер.
Ластикот е добар за кондиција, но и за умствена релаксација по напорното учење.
Затоа препорачајте му ја на детето оваа игра. Покажете му како вие некогаш сте уживале во детството и поради што вашите родители со часови ве повикувале да се вратите во домот.