Квентин Тарантино конечно се огласи за сексуалното вознемирување на актерките

Од:

Филмскиот режисер Квентин Тарантино изјави дека знаел што правел со жените неговиот соработник, продуцентот Харви Вајнстин и оти сега му е срам што не реагирал на сексуалните вознемирувања и напади.

– Знаев доволно за да направам повеќе, изјави Тарантино во интервју за „Њујрк тајмс“.

Тој изјави дека она што го знаел за Вајнстин не се гласини или приказни од втора рака, дополнувајќи дека жали што не презел одговорност за она што го правел продуцентот со кој соработувал на многу филмови.

– Да го направев она што требаше да го направам, не би соработувал со него, изјави Тарантино.

Првите наводи за сексуални напади на Вајнстин беа објавени овој месец, по што повеќе актерки излегоа во јавност.

Тарантино рече дека од многу порано знаел за однесувањето на Вајнстин. Неговата поранешна девојка Мира Сорвино му кажала за непримерното однесување на Вајнстин и како тој ја допирал. Тарантино рече дека уште една глумица му зборувала за оскаровецот, како и дека знаел дека актерката Роуз Мекгоуан постигнала спогодба со Вајнстин.

Режисерот изјави дека не знаел дали тие случаи биле работа на редовно злоставување, но истакна дека и покрај ваквите приказни продолжил да снима филмови со него, поради што сега жали.

– Јас ги маргинализирав тие инциденти. Што и да кажам сега, ќе звучи како беден изговор, изјави Тарантино.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Вајнстин сепак ќе му се суди за силување во Лос Анџелес

Ана Ололовска

ВИДЕО: Вајнстин се изјасни за невин за силувањата во Лос Анџелес

Ана Ололовска

Вајнстин побара да му биде поништена пресудата за силување

На Вајнштајн одземено британското признание за придонес во филмската индустрија

Ана Ололовска

Жртвите на Вајнстин ќе добијат приближно 19 милиони долари

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Пирс Броснан се потсети на една „пијана средба“ со Квентин Тарантино

А1он