Боа декантер, инспириран од годината на змијата е уникатен и необичен дизајн. Изминатите години Рајдел, познат производител на кристални чаши и декантери употребува имагинација за дизајнирање декантери во различни облици, големини и бои како пандан на различните видови змии.
На Амбиенте саемот во Франкфурт оваа година, Рајдел претстави нов Боа декантер, со единствен облик и функција.
Со специфичниот дизајн, кристалниот декантер Боа овозможува декантирање вино, кое ќе развие арома за неколку секунди.
– Креирам свои декантери за да имаат еднакви делови на грациозност и моќ додека тие претставуваат всушност, функционални производи кои подобруваат искуство при уживање вино, вели Максимилијан Рајдел претседател на Рајсел кристал компанијата. Рајдел снимил и анимиран филм посветен на Боа и други од семејството „змии“, декантери Мамба и Ева.