Куќа на Дедо мраз во Битола

Од:

Група млади ентузијасти и годинава отворија Куќа на Дедо мраз, сместена во срцето на Битола, непосредно до Саат Кулата.

Проектот, финанисиран од Министерство за култура е во функција на хуманитарна акција низ која се собира и донира облека, играчки и храна. Донациите се наменети за дваесетина социјално ранливи семејство од Битола и околината и специјалните паралелки за деца со посебни потреби во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола.

– И годинава, исто како и минатата, ја отворивме куќичката на Дедо Мраз. Целта на овој настан е пред се да ги научиме нашите деца на хуманост. Децата кои ќе дојдат да го запознаат нивниот омилен лик за овој период од годината, заедно со нивните родители, ќе имаат можност да се вклучат во хуманитарната акција. Убаво е кога сите заедно помагаме онаму каде што помошта е најпотребно, убаво е кога веруваме во моќта на хуманоста, во магијата на празнувањето и споделувањето, истакна Маја Кузмановска, една од организаторките на овој проект.

Во проектот, што ќе се рализира до 31 декември, вклучени се и Елена Стојчева, Марија Петровска, Анета Павловска и Христина Талевска, млади девојки кои сакаат да им овозможат на децата да видат како изгледа домот на Дедо Мраз, и што директно соработуваат со битолскиот Црвен Крст и други јавни институции што го поддржаа овој настан.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски