Кучето чува од астма

Од:

Децата, кои во текот на првата година често биле во друштво на куче, имаат 15 отсто помал ризик да добијат астма од оние кои не растеле со овие миленичиња, тврдат шведските научници, кои спроведоа истражување на илјада деца, утврдувајќи ја предноста од дружењето со кучиња.

Се препоставува дека тоа е така затоа што децата со куче времето го поминуват надвор, на воздух и се физички поактивни, што позитивно се оздразува на здравјето, особено на белите дробови

– Има и такви кои тврдат дека тоа не е хигиенски, но токму поради тоа што домаќинствата со куче се поизложени на микроби, децата се поотпорни и поретко имаат астма, вели Тау Фол, професорка од Универзитетот во Упсала.

– Тоа се вика фармерски ефект, бидејќи уште претходно е утврдено дека децата од фармите се многу помалку подложни на астма од оние кои немаат контакт со животни. Кучето влијае позитивно на децата на многу начини, дури и на храната и на воздухот, кој го вдишуваат, додаде таа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

Кривична пријава против тројца за крвничкото претепување на бездомното куче Феликс кое угина вчера

A1on

Умре Феликс, кучето кое безмилосно беше тепано со стап по глава, а неговата судбина ја сплоти цела Македонија

A1on

Влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Кучето кое вчера беше претепано во Скопје е во тешка состојба

Горан Наумовски