Кристијан Бејл повторно ослабна 35 килограми за улога

Од:

Британскиот актер Кристијан Бејл ослабна 35 килограми за улогата во новиот филм. Иако трансформацијата ги воодушеви фановите, тој сепак одлучи дека ќе престане со слабеењето, бидејќи тоа е опасно по неговото здравје.

„Непрестано повторувам дека завршив со тоа, но сега навистина мислам дека сум готов“, рече Бејл.

За најновиот филм „Ford vs. Ferrari“ Бејл ослабна 35 килограми за улогата на возачот Кен Мајлс. Неговиот колега Мет Дејмон е воодушевен од трансформацијата.

„Се забавував гледајќи го. Има дисциплина како монах. Мораше да ослабне 35 килограми, а тоа не е нималку лесно“, рече Дејмон.

„Очајно е. Грозно е. Ако губите килограми, нема ништо друго освен да одите во кревет гладни и да се чувствувате очајно. Дебелеењето е друга крајност. Потполно губите дисциплина и се прејадувате како лудак. Морам да престанам бидејќи тоа не е здраво за моето тело. Јас сум во четириесеттите години и ќе биде опасно ако не станам повеќе свесен за мојата смртност“, рече Бејл.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ